Производ базиран на цемент, двокомпонентна кашеста маса за хидроизолација модифицирана со полимер. Со производот се постигнува флексибилен слој на хидроизолација кој може да се користи за надворешна и внатрешна употреба, за запечатување на пукнатини и како малтер за поправки на цементни и бетонски површини.
Каде се употребува производот?
● Базени за пливање и хидроизолација на резервоари за питка вода.
● Хидроизолација на тераси, покриви и балкони.
● Хидроизолација на резервоари во Станици за третман на вода.
● Хидроизолација на бетонски резервоари во Пречистителни станици за отпадни води.
● Може да се употребува како систем за хидроизолација под керамички плочки.
Насоки за примена:
Бетонските површини треба да бидат чисти, здрави и без мрснотии, цементно млеко и било какви лабави делови. Површината треба да биде во заситена и сува состојба. Слабите делови на бетонот треба да се поправат, се што не е врзано за подлогата треба да се отстрани. Било какви пукнатини на површината треба да бидат внимателно поправени со малтер за поправање со цел подлогата да биде спремна за работа. По поправките на површината, се нанесува прајмер. На отворени површини како тераси, аглите мора да бидат заоблени, хоризонтално или вертикално под агол од 45 ° за да бидат спремни за изолирање.
Што не смее да се прави:
- Ново нанесениот материјал не смее да биде изложен на до7д и мраз најмалку 24 часа.
- Не смее да се нанесува на влажни и замрзнати површини.
- Не се нанесува на дождливо или магливо време со температура под + 10 ° C.
- Погледајте ги ознаките за безбедност и предупредувањата на пакувањето.


