Дво компонентен, базиран на полиуретан, еластичен и тврд производ за хидроизолација. Посебно се користи за хидроизолација на глазирани плочки и сјајни површини како керамика, мермер, гранит и стакло; после сушењето, создава проѕирен, цврст, еластичен и непрекинат слој. Се користи за хидроизолација без оштетување на постојната покривка посебно за балкони и тераси.
Области за употреба:
Дизајниран е за употреба врз глазирани плочки и керамика, бетон, гипс и естрих, мермер, гранит, кота, природен камен, полни цигли, стакло, стаклени цигли, мозаици, мозаици од цигли, PVC, алуминиум и дрвени изработки, се користи за GRP (пластика зајакната со стакло), PVC и поликарбонатни кровни елементи.
Насоки за користење:
Мрснотии, нечистотии, боја, цементно млеко, р’ѓа, мувла, соли мора да се исчистат темелно пред апликација на материјалот бидејќи ја намалуваат способноста на материјалот за залепување на подлогата. Подлогата мора да биде чиста, здрава и без слободни честички. Сите пукнатини на површината треба да бидат поправени со малтер за поправка. Нивелирањето на површината треба да се изведе прописно.
Препораки за апликација:
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа и на површини директно изложени на сонце или ветер.
- Степенот на формирање на кристали и навлегувањето во материјалот зависи од густината на бетонот и од абсорпционата моќ на материјалот.




