Еднокомпонентен, базиран на полиуретан, висок процент на цврсти материи, транспарентен прајмер со низок вискозитет кој што пенетрира во порите на материјалот и создава невидлива брана против водата во капиларните канали.
Области за употреба:
Може да се користи на бетон, метал, дрво, ПВЦ, малтерисани површини и површини покриени со производ на база на битумен.
Насоки за користење:
За бетонски површини: Отстранете од површината било каква нечистотија и лабави делови до добивање на цврста груба и еднаква површина, препорачливо со абразивно пескарење или со друг механички третман или нагризување со киселина. Нанесете го производот во тенок слој со ваљак, четка или безвоздушен спреј.
Препораки за апликација:
- Новонанесениот материјал не смее да биде изложен на дожд или мраз најмалку 24 часа.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа и на површини директно изложени на сонце или ветер.
- Проверете ја температурата на материјалот пред мешање, треба да биде помеѓу (+) 15 ° и (+) 25 ° C
