Еднокомпонентен производ, краен премаз базиран на алифатичен полиуретан кој што може да се нанесе на бетонски и метални површини внатре и надвор. Создава непрекината водонепропусна и со висока јачина покривка која што се суши многу бргу на аплицираните површини. Отпорна на сончевото зрачење, не бледее, не менува боја со тек на време.
Области на употреба:
Производот може да се користи каде што има потреба од механичка и хемиска отпорност, на отворено, на изложени на сонце индустриски објекти. Се користи каде што има потреба од светлост и издржливост. Може да се користи на бетонски и метални површини, како краен слој врз површини покриени со епоксид, може да се користи во затворени базени.
Насоки за користење:
Мрснотии, нечистотии, боја, цементен отпад, рѓа, мувла, сол и било какви слоеви кои што би направиле проблем на прилепувањето на материјалот мора темелно да бидат исчистени пред нанесувањето на материјалот. Површините мора да бидат чисти, здрави без слободни делови. Било какви пукнатини на површините мора внимателно да се поправат со малтер за поправка. Еден слој на епоксиден прајмер или полиуретански прајмер треба да се нанесе откако површината е подготвена за нанесување на материјалот. За да може полиуретанскиот премаз да биде успешно нанесен, порите на подлогата мора да бидат комплетно затворени.
Препораки за апликација:
- Новонанесениот материјал не смее да биде изложен на дожд или мраз најмалку 24 часа.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа, на дождливо или магливо време и на површини директно изложени на сонце или ветер.

