Анти Кондензациска боја AC 101
Хајпер Анти Кондензациска боја AC 101: Производ со софистицирана формула, модифициран со специјални хемикалии и полимери со цел елиминација на влага и проблеми од влага на внатрешни и надворешни ѕидови. Производот е термопластичен, базиран на смола и растворувач, една компонента. Може да се нанесува на било какви влажни или суви ѕидови, боени или небоени површини. Благодарение на одличната отпорност на бази и влага, спречува создавање на влага на ѕидовите и ја уништува доколку ја има. Производот има супериорна моќ на прилепување на било каква подлога, не отекува и има многу добра хемиска отпорност, УВ стабилен производ и има добра отпорност спрема дожд, вода и сол. Може да се користи внатрешно и надворешно, во подруми, гаражи и на плафони. Формира тенок слој кој што покажува одлична отпорност спрема влага на нанесената површина. Дури и во случај бојата или ѕидот да се влажни, се залепува многу добро на површината. Нема проблем од солена вода или појава на зеленило на површините. Благодарејќи на оваа особина, се користи и за решавање на проблемот со отекување на бојата на ѕидовите. Производот е дизајниран да пенетрира во ѕидовите и да ја исуши влагата во ѕидовите со специјалните хемикалии кои што ги содржи.
Водена брана
Водена брана (Aquatic Shield): Запечатувач кој функционира како одбивач на вода, базиран на вода и е специјално дизајниран за бетон, цигли, природен камен и ѕидарија. Водената брана (Aquatic Shield) работи подобро и трае значително подолго од конвенционалните запечатувачи бидејќи хемиски реагира со површината за да формира нерастворлива бариера, која ја одбива водата. Оваа бариера е навлезена во самата површина така што не може да се изаби, да избледее, да пожолти, испука или се излупи. Завршната апликација ја подобрува природната боја на материјалот и му овозможува на материјалот да дише.
Водена брана СБ
Производ на база на растворувач, Силан силоксански водоотпорен запечатувач кој пенетрира длабоко во површината каде што хемиски реагира за да создаде хидрофобна бариера внатре во порите. Хидрофобната бариера, која што може да трае до 10 години, ќе ја намали апсорпцијата на површинска вода до 95%. Површините запечатени со Водена брана СБ (Aquatic Shield SB) веднаш стануваат по отпорни на штетните ефекти од впивањето на вода како што се пукање, оштетување на површината, оштетувања при одмрзнување, штети при смрзнување, обојување, мувла и растење на мов.
Литиумски зацврснувач
цврст литиумски површински зацврснувач на водена база кој се користи за згуснување, зацврснување, заштитување од прашина на нови или постоечки бетонски подови. Производот ја подобрува површинската цврстина со зајакнување на нови или постоечки бетонски површини и со креирање на капиларен ефект спречува емисија на прашина и се користи за добивање на површина со високо абразивна отпорност. Создава нерастворлива калциум-силикатна структура со реакција помеѓу калциум хидроксид и калциум карбонат кои се присутни во активната литиум-бетонска структура. Затоа, цврстината на бетонот се подобрува и се добива површина без прашина.