Хајпер Анти Кондензациска боја AC 101: Производ со софистицирана формула, модифициран со специјални хемикалии и полимери со цел елиминација на влага и проблеми од влага на внатрешни и надворешни ѕидови. Производот е термопластичен, базиран на смола и растворувач, една компонента. Може да се нанесува на било какви влажни или суви ѕидови, боени или небоени површини. Благодарение на одличната отпорност на бази и влага, спречува создавање на влага на ѕидовите и ја уништува доколку ја има. Производот има супериорна моќ на прилепување на било каква подлога, не отекува и има многу добра хемиска отпорност, УВ стабилен производ и има добра отпорност спрема дожд, вода и сол. Може да се користи внатрешно и надворешно, во подруми, гаражи и на плафони. Формира тенок слој кој што покажува одлична отпорност спрема влага на нанесената површина. Дури и во случај бојата или ѕидот да се влажни, се залепува многу добро на површината. Нема проблем од солена вода или појава на зеленило на површините. Благодарејќи на оваа особина, се користи и за решавање на проблемот со отекување на бојата на ѕидовите. Производот е дизајниран да пенетрира во ѕидовите и да ја исуши влагата во ѕидовите со специјалните хемикалии кои што ги содржи.