Запечатувач кој функционира како одбивач на вода, базиран на вода и е специјално дизајниран за бетон, цигли, природен камен и ѕидарија. Водената брана (Aquatic Shield) работи подобро и трае значително подолго од конвенционалните запечатувачи бидејќи хемиски реагира со површината за да формира нерастворлива бариера, која ја одбива водата. Оваа бариера е навлезена во самата површина така што не може да се изаби, да избледее, да пожолти, испука или се излупи. Завршната апликација ја подобрува природната боја на материјалот и му овозможува на материјалот да дише.
Каде се употребува производот?
Бетон, ѕидарија, рендериран цемент, природен камен.
Насоки за примена:
Само за професионална употреба. Површините треба да бидат чисти, суви и исчистени од траги на нечистотии, мрснотии, масла, прашина, органски растеж и било каков друг контаминант кој што може да пречи во пенетрацијата на материјалот во подлогата или во неговата реакција со истата. Температурата на површината мора да биде над 4°C и да остане таква уште минимум 24 часа. Користете го материјалот како што Ви е испорачан, не се разредува со вода или било каков друг растворувач. Секогаш аплицирајте го на една мала површина како тест и потврдете дека резултатот е задоволителен пред продолжување со апликација. Искористете го овој тест за да ја процените количината која што Ви е потребна за нанесување. Заштитете ги билките во околината од прскање со материјалот.
Водената брана најдобро се нанесува со прскалка со низок притисок. Прскалка која што се користи во градинарството е соодветна за оваа намена. Безвоздушна опрема за прскање е поефикасна за поголеми проекти. Може да се нанесе и со метла, џогер, четка, ваљак, гумен чистач. Нанесете 2 слоја во соодветна доза за покривање. Не дозволувајте производот да направи вирчиња на површината на која се нанесува.
ВАЖНО: Третираните површини развиваат отпорност спрема вода веднаш по аплицирањето на Водената брана и сушењето. Бидејќи Водената брана е базирана на вода, вториот слој мора да се нанесе веднаш после првиот бидејќи производот се суши многу бргу и ако се доволи првиот слој да се исуши, вториот слој нема да може да биде нанесен поради веќе активната водена брана од првиот слој. Ова значи дека за големи проекти најдобро е да се изведуваат фазно, на помали површини.
Што не смее да се прави:
Не е ефикасен на не-силикатни површини, не го користете на винил, асфалт, метал и обоени или премачкани површини. Максималната отпорност спрема водата ќе биде постигната кога хемиската реакција е завршена, обично за 4 до 7 дена. Ограничен одбивен ефект спрема масла, не се препорачува за состојба на постојано потопување. Покривање на површината со бои или други запечатувачи не се препорачува.

