Базиран на полимери, едно-компонентен хидроизолирачки премаз кој што формира водо-непропусен изолациски слој на нанесените површини. Производот има висока прилепувачка способност на нанесените површини, лесен за нанесување, има висока отпорност на корозија и хемикалии, има многу добра отпорност на киселини, нафтени производи, вода и растворувачи. Висока механичка отпорност на абразија и удари. Нема влијание од габи и бактерии. Производот е УВ отпорен, отпорен на солена вода, мрснотии и е непропусен.
Области за употреба:
Хидроизолација на тераси, кровови и балкони, метални кровови, дрво и стари битуменски проблематични изолации, асфалтни и бетонски подови, хидроизолација под керамика, влажни зони (бањи, WC-а, тушеви, кујни), префабрикуван бетон, обоени метални листови, галванизиран метал, GRP (пластика зајакната со стаклени влакна) резервоари за вода или цевки како слој на хидроизолација.
Насоки за аплицирање:
Бетонските површини треба да бидат здрави, чисти од масла, мрснотии, цементно млеко, и било какви слободни делови. Површините на кои ќе се аплицира материјалот се подготвуваат со Hayparoof plus разреден со 30-50% вода директно. После 4 часа се нанесува еден слој без разредување со вода. После 4 часа се нанесува уште еден слој. Аплицирањето на секој слој се изведува во насока нормална на претходниот слој и треба да се нанесе во исто време.
Препораки за апликација:
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа и на површини директно изложени на сонце или ветер.


