Хидроизолирачки материјал базиран на акрилни полимери, спремен за употреба како една компонента, висока прилепувачка моќ, одлична отпорност на вода и УВ резистентност. Производот се состои од минерални полнители и специјален полимер што резултира со многу добра отпорност на абење, многу подобра отколку кај било кои слични производи. Производот има одлична отпорност на УВ зрачење, снег, дожд и вода и исто така е еколошки, добар за околината.
Каде се употребува производот?
Бетонски кровови и тераси, бетонски патеки, асфалтни површини, тениски терени и спортски терени, паркови и градини, изолација на влажни простории, под керамика и мермер. Непремачкани површини како цигли, воздушест бетон.
Насоки за примена:
Површината треба да биде стабилна, цврста, сува и исчистена од прашина, песок, одлепена стара боја, цементно млеко, нечистотии, мрснотии, масла. Препорачано е да се нанесе прајмер пред нанесувањето на материјалот. Поминување со прајмер на местата кои што се поправани со филер е препорачано пред апликацијата на завршните слоеви од материјалот.
Препораки за апликација:
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа и на површини директно изложени на сонце или ветер.




