Hayparoof Plus

HAYPAROOF PLUS: Базиран на полимери, едно-компонентен хидроизолирачки премаз кој што формира водо-непропусен изолациски слој на нанесените површини. Производот е произведен со специјална техника на полимеризација и е отпорен на УВ зрачење.

Hayper S.A.S.

Хидроизолирачки материјал базиран на акрилни полимери, спремен за употреба како една компонента, висока прилепувачка моќ, одлична отпорност на вода и УВ резистентност. Производот се состои од минерални полнители и специјален полимер што резултира со многу добра отпорност на абење, многу подобра отколку кај било кои слични производи. Производот има одлична отпорност на УВ зрачење, снег, дожд и вода и исто така е еколошки, добар за околината.

Концентриран прајмер (подлога)

Концентриран прајмер (подлога): Базиран на вода, акрилно ко-полимерна база концентриран прајмер (подлога) со висока пенетрација и својство на прилепување. Производот е без мирис, создава врзивен мост помеѓу бојата и површината, го максимизира прилепувањето на бојата за површината, ја намалува апсорпцијата на површината. Исто така се нанесува за да ги намали брановите на боја кои што се појавуваат на завршните слоеви на боја на површини со различни апсорпциони карактеристики. Производот значително ја намалува потрошувачката на боја. Има висока пенетрациона способност и е еколошки, не е штетен за околината.