Базиран на цемент, спречува корозија, модифициран со полимери, едно-компонентен, еластичен малтер за поправки кој што се користи како заштита од корозија и како зацврснувачки малтер.
Области за употреба:
Поправки на бетон, гипс и бетонски кошулици, пред хидроизолирање, поправка и пополнување на пукнатини, формирање на аголни заоблувања, надворешни поправки.
Аплицирање:
Користете околу 4.5 – 5.0 литри чиста вода во соодветен пластичен сад. 1 вреќа (25 kg) на еластичен малтер за поправки се додава во пластичниод сад со континуирано мешање. Мешањето се продолжува се додека не се добие хомогена маса без грутки. Се остава смесата да одмори 2-3 минути. Смесата повторно се промешува кратко време. Мешањето треба да се направи машински со додаток за мешање при мала брзина. Ако смесата се прави рачно, се препорачува да се прави во помали количини, по соодветното мешање со вода, смесата се префрла во кофи и се остава да созрее. По 2-3 минути, се меша повторно и е спремна за употреба.
Препораки за апликација:
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на температури под +5°C и над +35°C.
- Избегнувајте аплицирање на материјалот на замрзнати површини, на површини каде постои ризик од замрзнување во наредните 24 часа и на површини директно изложени на сонце или ветер.